Производи

Fortan – Cafortan

5,000.00 ден

Мултивитамини за куче .

Кафортанот е биолошки концентриран минерално,витамински и аминокиселински додаток во форма на таблети за кучиња. Не содржи натриум и има мал износ на маснотии кои се од зеленчукова природа (лецитин). Кучињата лесно и со задоволство го прифакаат.
Погоден е за сите возрасти на кучиња: папи, јуниори, возрасни и сениори.
Исклучително е препорачлив за одредени категории на кучиња како што се: јуниори (мали кученца), скотни, кучки кои дојат, возрасни кучиња, работни кучиња, за време на дресура, болни и рековалесцентни итн

Состав: Сурови протеини 40,0%, сурови масти 4,3%, сурови влакна 6,9%, суров пепел 20,7%, калциум 4,49%, фосфор 2,2%, калиум 2% и магнезиум 1%.

Еден килограм Кафортан таблети содржат: витамин А 200.000 ИЕ,Б1 200 мг., Б2 200 мг., Б6 100 мг. Б12 1000 мг., вит. Ц 1000 мг.;Д3 10.000 ИЕ, вит. Е (алфа токоферол ацетат ) 1000 мг.,вит. К3 50 мг., биотин-витамин Х 6000 мг., холин 3000 мг.,фолна киселина 40 мг., ниацин 1200 мг.,калциум-Д-пантотенат 500 мг.,како и олигоелементи: кобалт, јод, железо, бакар, манган, молибден, цинк и селен кои се наоѓаат во трагови.

Калциумот и фосфорот се наоѓаат во однос 2:1 кој е всушност правилниот однос за нормална апсорпција и искористување.

Кафортанот како супервитален додаток, покрај минералите, витамините и олигоелементите го прават и есенцијалните аминокиселини, кои неможат да се синтетизираат во организмот туку задолжително се внесуваат преку храна.

Кафортанот не смее да се вари со храна или да се додава во врела храна бидејќи на тој начин се оштетуваат биолошки активните супстанци.

Кафортанот како супервитален додаток, покрај калциумот, минералите , витамините и олигоелементите, го прават и есенцијалните амино киселини кои неможат да се синтетизираат во организмот туку задолжително се внесуваат преку храна.

Дозирање: 3 таблети на 5 кг тежина .