Високи температури

Високи темератури , предупредуваат метеоролозите . Жешко ви е ? Замислете како им е на Вашите миленици испод нивното крзно поготово ако е црно . Ви предлагаме 10 совети како да се справите со летните високи температури .

За почеток, морате да запаметите дека кучињата , за разлика од нас , не потат. Тоа значи дека нивната терморегулација се регулира на сосема друг начин. Дивите кучиња можат да ископаат дупка или да легнат под дрво во дебела ладовина, но кучињата кои ги шетаме на поводници , тешко ја поднесуваат горештината и затоа мораме да се потрудиме да ги заприметиме барем следните 10 правила за да и ги направиме горештините подносливи.

  1. НИКОГАШ , значи НИКОГАШ не го оставајте кучето во кола додека надвор се високи температури, не само кога е жешко туку кога е и топло . Во автомобил може да се подигне температурата и за 20 степени повеке од надворешната , и рапидно расти посебно ако е отворен прозорецот . Тоа значи дека за неколку минути кучето може да доживее топлотен или срцев удар . Не рескирајте !!!!
  2. Добро запознајте ја расата , некои од нив се во повисок ризик од останатите. Посебно на расите со ,,сплескани,, муцки како булдог, мопс , но жештините тешко ги поднесуваат и хртовите, како и тие со густо и црно крзно . Симптомите на претоплување изостануваат и за жал се појавуваат тогаж кога е прекасно . Посебно бидете предпазливи со мали кученца , дебели , како и со стари од сите раси. Прошетките практикувајте ги наутро и навечер .
  3. Не штедете на вода. Понудете му на кучето да пие вода пред и по враќање дома , но исто така понесете со себе мобилен сад за вода.
  4. Симптоми кои не се приметуваат на почеток на претоплување и можат да доведат до сериозни проблеми се :

-задишеност

-темно розов скоро црвен јазик кој е надвор од устата

-сува , леплива уста , полна со плунка

-желба да легни некаде

-подигнување на нозете со намера да си ги излади шепите

-тешко се движи , се тетерави и засопнува

-повраќање

Сите овие се знаци дека на кучето му е претопло . Меѓутоа тие нема да престанат да играат иако им е претопло , ќе прават она што Вие ќе им го кажете, се дури не колабираат . Затоа внимателно !!!

  1. Кучињата кои лесно се заздишуваат како би одржале терморегулација и како би го забрзале протокот на воздух низ дишните патишта со намера побрзо да се изладат а имаат проблеми со дишните патишта тешко можат да одржат терморегулација. Тие вообичаено поприлично се гласни кога дишат дури и хрчат .
  2. Кога кучете е претоплено земете влажна крпа , ставете му на стомак или под пазувите и дајте му свежа вод за пиење. Никогаш не користете алкохол за разладување иако можеби сте прочитале на интернет . Алкохолот може да доведе до тешки тровања бидејќи многу брзо се абсорбира низ веќе проширените капилари.
  3. Не го шетајте кучето по темни површини и тротоари. Можат да добијат изгореници на шепите и трајни последици како отворени рани .Ако до тоа дојде обратете се кај ветеринар .
  4. Понесете со себе тоа што ви е потребно доколку се спремате за излет или подолги прошетки. Одмарајте што повеќе под сенки и користете здрав разум.
  5. Не го хранете сат пред и сат после прошетките , ќе ги намалите ризиците во врска со варењето .
  6. Црните и темнообоените кучиња имаат поголем ризик од претоплување бидејќи ,, апсорбираат,, повеќе сончеви зраци од светлообоените кучиња. А за оние со светло крзно во светот веќе се произведуваат креми со заштитен фактор , кои се нанесуваат посебно за деловите без влакно. Се изненадивте ? Па и нивната кожа гори , зарем не ?